Ракометниот голман Борко Ристовски и сопругата Николина пред неколку месеци станаа родители по вторпат, добија девојче, а нивниот дом стана повесел и дополнително исполнет со радост и среќа.
Нивната прва љубов, синчето Душан веќе е потпораснато момченце кое и тоа како знае што сака, особено да ужива во животот и чувството на детската возбуда.
Душан редовно го има на социјалните мрежи, бидејќи мама и тато не можат да одолеат да не ги споделат неговите игри и палавости. Душан е нивното лавче кое од мали нозе ги освојува Инстаграм следбениците.
Овој пат, покажа дека е меѓу уникатните поради тоа што е во групата ретки кои го сакаат дождот. Периодов имаме комбинирани денови од дожд и сонце, а тоа за Душан е вистински празник, особено кога врне.
Неговите познати родители решија да го пуштат надвор да накисне и комплетно да ужива и да му се предаде на своето задоволство.
А кога на дете ќе му биде дозволено да прави што сака, тогаш забавата започнува.
Надвор врене, камерата вклучена, а Душан се впушти во танц со дождот, ред игра, ред пиење дожд со ширум отворена уста, а за убавото на душа ич не треба ни да се коментира затоа што тоа и како се гледа.
View this post on Instagram
Детската радост неизмерна, а енергијата пренесена и кај мама и тато.
-Мојата позитива на векот!Мојата среќа… душа, живот! Биди ми вака позитивен душо моја мала, за се’ друго јас сум тука за тебе додека дишам- напиша Борко во описот на видеото.
Коментарите се редеа, а нема сомнеж дека за радост и среќа не треба многу, а децата ни се чист пример за тоа!
фото:Инстаграм принтскрин/Борко Ристовски