Живот и Стил

Симптоми кои укажуваат дека вашата штитна жлезда неправилно работи

Симптоми кои укажуваат дека вашата штитна жлезда неправилно работи

Штитната жлезда е одговорна за произведување на хормонот кој што го регулира вашиот метаболизам, телесната температура и пулсот.

Доколку нејзината работа е неправилна, може да дојде до сериозни последици за вашите органи: џигерот, цревата, бубрезите, репродуктивниот систем, срцето и мозокот.

Ова е листата на симптоми која не смее да ја занемарите доколку сакате да избегнете сериозни здравствени проблеми:

Умор и губење енергија

Болеста на штитната жлезда може да влијае на нивото на енергија и расположението. Хипотиреозата предизвикува чувство на умор и губење сила, проследено со чести проблеми со спиењето и раздразливоста.

Промена на брзина на чукање на срцето

Хормоните на штитната жлезда влијаат речиси на секој орган од вашето тело, а може да ја променат и брзината на чукањето на срцето. Луѓето кои штотуку треба да ја откријат неправилната работа на жлездата можат тоа да го забележат доколку нивниот пулс е забрзан или пак намален од вообичаено.

Драматично губење или покачување на килограмите

Драстичната промена на телесната тежина е еден од најчестите симптоми на болест на штитната жлезда. Зголемена или намалена тежина која се јавува во краток временски период може да значи превисоко или пак прениско ниво на хормонот на штитната жлезда.

Сува кожа и кршливи нокти

Сувата кожа може да биде знак за проблем со штитната жлезда. Исто така треба да се грижите за овој проблем доколку ноктите ви станат кршливи со видливи вертикални линии кои што се појавуваат на нивната површина.

Проблеми со регулирање на температурата на телото

Болеста на штитната жлезда може да влијае на способноста вашето тело да ја регулира температурата.

Отекување на вратот

Отекување или зголемување на подрачјето на вратот е видлив знак дека имате проблем со штитната жлезда.

Болки во мускулите и конвулзија

Појавата на хипертензија може да вклучи и болки во различни делови од телото. Во поголем дел од случаите овие симптоми се поврзуваат со отекување на мускулите или тумор кој што ги притиска нервите.

извор:точка.ком.мк

To top