Кафето е еден од најпопуларните пијалаци во светот, а според експертите умереното консумирање на кафе може да има позитивни ефекти на здравјето. Но, од друга страна, во случај на преголеми консумации може да се развие и зависност од кофеин.
Зависност се смета консумирање кофеин секојдневно во преголеми количини така што тоа има негативни последици на социјалните интеракции, здравјето и другите сфери во животот.
Доколку се претера со кафе, кофеинот може негативно да влијае на срцето, може да се зголеми крвниот притисок и да се појават други последици:
– несоница
– анксиозност
– дигестивни проблеми
Кофеинот исто така може да ги влоши симптомите кои се однесуваат на цревата и мочниот меур. За да се појават некои негативни последици повеќето луѓе би требало да внесат баш многу кофеин. Прифатливо е 4 до 5 шолји кафе дневно, но се зависи од тоа колку сте чувствителни на кофеин.
„Истражувањата покажуваа дека оваа количина кофеин би требало да биде штетна по здравјето на срцето, нивото на холестерол и ритамот на срцето“, вели Викторија Тејлор од британското Здружение за срце.
Од друга страна, консумирањето во умерени количини штити од дијабетес тип 2, Паркинсова болест, болести на црниот дроб, инфаркт и од мозочен удар.