Високиот холестерол може да предизвика опасни срцеви заболувања, а ова се симптомите кои откриваат дека имате маснотии во крвта.
Зголемениот холестерол најчесто е предизвикан од нездрава исхрана, пушење, дијабетес, висок крвен притисок или генетска предиспозиција за срцеви заболувања. Иако луѓето со покачен холестерол генерално не покажуваат никакви симптоми, може да се јават стомачни болки, нарушувања во циркулацијата, промени на кожата и промени на очите.
Експертите истакнуваат дека појавата на сив или бел круг т.е. прстен, околу окото може да укаже на холестерол. Оваа промена во окото е најчеста кај постарите луѓе и е безопасна, но во некои случаи тоа може да биде знак дека имате висок холестерол. Ако забележите сив круг во окото, направете лабораториски тестови и обавезно посетете офталмолог.