Живот и Стил

Симптоми кои најчесто укажуваат на лош имунитет

Симптоми кои најчесто укажуваат на лош имунитет

Падот на имунитетот најчесто се случува во периодот на доцна есен па до рана пролет. Најизразен е во текот на зимата, кога нашето тело троши повеќе енергија за да се стопли со што станува помалку отпорен на инфекции.

Како да знаете дали ви е отпаднат имунитетот?

Честите настинки, вклучително и сериозните заболувања како воспаление на бели дробови и бронхитис, како и влошување на хроничните болести, укажуваат на нарушување во работата на одбраната на телото.

Херпесот е исто така показател на некој воспалителен процес во телото, дека организмот не функционира како што треба.

„Ако личноста, дури и во зима, ретко се разболува или кога ќе се разболи има добар апетит, тогаш може да се каже дека има силен имунитет“, објаснува главниот имунолог-алерголог Људмила Сизјакина од Ростовска област, Русија.

Освен овие, други показатели се и чувството на умор и исцрпеност, чести алергии, промени на кожата, јазикот и усната шуплина, отоци на лимфните јазли, варијации во телесната тежина, изостанок на температура и зголемена температура која долго време не се намалува, често чувство на студенило, бавно зараснување на рани, често чувство на надуеност.

Сизјакина истакнува дека во исхраната е многу важно внесувањето на протеини, хранливи материи од кои се синтетизираат имуноглобулини, односно заштитни антитела.

На имуниот систем многу влијае стресот, па неопходно е секојдневно да се „храните со позитивни емоции“, смета таа.

извор: кајгана

To top