Сувата кожа е обично привремен проблем што се појавува само за време на зимскиот период, но постојат случаи и кога тој проблем трае цел живот. И иако кожата е обично најсува на рацете и долниот дел од нозете, ова може да биде различно кај секој човек. Симптомите на сува кожа зависат од вашата возраст, местото на живеење, времето кое го поминувате надвор и причината за проблемот. Доколку имате сува кожа, ќе забележите еден или повеќе од овие симптоми: · Затегнатост на кожата, особено по капење, туширање или пливање · Кожа која изгледа збрчкано и дехидрирано · Кожа која изгледа грубо наместо мазно · Чешање, кое понекогаш може да е многу силно · Слабо или интензивно лупење на кожата · Линии или пукнатини во кожата · Црвенило · Длабоки пукнатини кои понекогаш може да крварат Кога да појдете на доктор Повеќето случаи на сува кожа се подобруваат со мали промени и домашни лекови. Посетете го докторот доколку:
- Состојбата на кожата не се подобри и покрај вашите напори · Сувата кожа е придружена од црвенило · Сувоста и чешањето ви го пореметуваат сонот · Имате отворени рани од чешање · Претерано ви се лупи кожата
Причини Иако причините за сува кожа (ксероза) речиси секогаш може да се пронајдат во околината, постојат и одредени болести кои можат да го променат изгледот на вашата кожа. Причини за сува кожа може да бидат:
- Времето.Генерално, кожата е најсува за време на зимските денови кога температурата и влажноста се ниски. Зимските услови понекогаш ги влошуваат и веќе појавените проблеми со кожата. Вакви проблеми може да се појават и ако живеете во место каде температурите се високи но нивото на влажноста е ниско. · Греење. Парното греење, греалките, камините и печките на дрва го сушат воздухот и ја сушат кожата. · Топли бањи и туширања. Пречестото туширање или капење, посебно кога тоа долго трае а водата е премногу топла, ги руши липидните бариери на вашата кожа. Истото го прави и честото пливање, посебно во вода со високо ниво на хлор.· Изложеност на сонце. Како и сите видови на топлина, така и сончевата топлина ја суши кожата. Но штетата од ултравиолетовите зраци продира подлабоко од површинскиот слој на кожата (епидермис). Најголемата штета се случува длабоко во дермисот, каде колагенските и еластинските влакна се оштетуваат многу побрзо резултирајќи со длабоки брчки и попуштена и незатегната кожа (solar elastosis). Кожата оштетена од сонцето може да изгледа исто како сувата кожа. · Атопичен дерматит. Ова е најчестиот вид на егзема и обично најпогодени делови се лицето, страничните делови на вратот, деловите околу лактите, глуждовите и колената. · Псоријаза. Оваа состојба е карактеристична по брзото натрупување на тврди, суви и мртви кожни клетки кои создаваат дебели красти. -Атопичен дерматит. Доколку имате склоност кон оваа болест, сувата кожа може да доведе до нејзино активирање, предизвикувајќи црвенило, пукнатини и воспаление. – Фоликулитис. Воспаление на фоликулите на влакната. –Целулитис. Ова е сериозна бактериска инфекција на кожните ткива каде бактериите навлегуваат во лимфниот систем и крвните садови. Овие компликациии се случуваат ако системите за заштита на кожата ви се нарушени. На пример, претерано сувата кожа може да предизвика пукнатини кои може да се отворат и да крварат со што им го отвораат патот на бактериите. Терапии и лекови Во повеќето случаи, сувата кожа се негува со хидратантни креми и со избегнување на чести и долги капења и туширања. Во некои случаи докторот може да ви препорача крема која содржи лактична киселина или лактична киселина и уреа. Понекогаш, сувата кожа може да доведе до дерматит и тогаш докторот препишува лосион со хидрокортизон. Доколку ви се појават пукнатини можете да ставате влажни облоги со средство кое би спречило инфекција
затегната. · Нанесете крема веднаш по капењето. По капењето, нежно избришете го лицето за да оставите барем малку влажност на него. Веднаш потоа нанесете крема за да ја “заробите” водата во клетките. · Употребувајте развлажнувач на воздух. Топлиот и сув воздух може само да го влоши лупењето на кожата. Изберете развлажнувач кој можете да си го дозволите и секогаш одржувајте го чист за да се заштитите од бактерии и габи. · Употребувајте материјали кои се добри за кожата. Природните материјали како памук и свила и овозможуваат на кожата да дише. Но волната, иако природна, може да ја иритира кожата. Кога ја перете облеката, употребувајте детергенти без бои и парфеми бидејќи и тие ја иритираат кожата. Доколку овие мерки и употребата на креми со хидрокортизон не ви помогнат, посетете доктор или разговарајте со дерматолог.