Пејачката и докторка Симона Поповска, за своите синчиња преферира да приредува големи и луксузни родендени.
Таква пракса има за првиот, а сега и за вториот наследник Стефан кој наполни една година.
Прославата се случи во еден скопски хотел, беа поканети доста гости, имало луксузна декорација, две маскоти, торта на три ката, па дури и музика во живо со Боби Павловски.
Родендените на Никола и Стефан се ден за голема прослава за која мама Симона и тато Крис сакаат се’ да биде на ниво.
Домаќините задоволни, а гостите и славениците уште позадоволни. Симона дури се фати и за микрофон и запеа пред присутните во име на големиот ден.
Инаку, втората бременост на Симона Поповска беше во тајност од јавноста, а кога обзнани дека станала мајка по вторпат, беше големо изненадување бидејќи бременостите се случија многу брзо една по друга.
Сега во роденденските честитки за синчето, таа на Инстаграм за првпат ги покажа деновите од втората бременост, и тоа од моментот кога дознава дека е во друга состојба, па се до породувањето кога првпат го држи Стефан во прегратка.
-Среќен роденден мое слатко дете. Нека твоето патурање биде наверојатно како твојот прв роденден со нас. Ветувам дека ќе ја држам твојата рака со секој чекор, развеселувајќи те, бришејќи солзи и споделувајќи ги сите авантури што животот ги чува за тебе. Твојата насмевка е моето сонце, твојата насмевка е моја мелодија, а твоето присуство е подарок што засекогаш ќе го славам, пишува среќната мајка која секогаш практикува да објавува статуси напишани на англиски јазик.
Среќен роденден!