Естетиката и дерматологијата се нејзиниот живот, професионална определба која веќе неколку години Симона Поповска што јавноста првично ја познава како пејачка, го работи секојдневно.
Дека Симона и на себе ги проба своите медицински естетски способности е евидентво пред се од волуменозните усни кои преминаа кон конформизам меѓу припадничките на понежниот пол или пациентките кои таа секојдневно ги има.
Но, сега од новите фотографии кои осамнаа кај Симона, може да се забележат и други промени, односно дека нејзиниот визуелен изглед е доста променет, па на прв поглед тешко би ја препознале.
Осветлена боја на коса , нешто подолга, можеби подновени усни… Дали станува збор за моќта на супериорната технологија применета на фотографија или пак е моќта на естетиката, најдобро знае самата.
Инаку, Симона е мајка на две синчиња, а паралелно жонглира со обврските како семејна и деловна жена.
фото:Инстаграм принтскрин/Симона Поповска