Радио Милева

Силикони, хијалурон, сега и боткос: Прија и мама заедно на „ремонт“!

Силикони, хијалурон, сега и боткос: Прија и мама заедно на „ремонт“!

Пејачката Александра Живојиновиќ- Пријовиќ не крие дека имала неколку естетски корекции.

Во своите претходни интервјуа за српски медиуми, таа призна дека ги зголемила градите, но има и операција на носот и ги зголемила усните.

Бидејќи е задоволна од својот изглед, таа одлучи да ја однесе мама Борка во салон за убавина.

фото:александра живојиновиќ/инстаграм

“Прија нема ништо против пластична хирургија затоа што таа ја знае мерката. Ретко инјектира ботокс, но сега реши да се почести и себеси и мама”, изјавил неименуван извор за „Информер“, додавајќи дека мајка и првично не сакала.

“Ќерката и објасни дека е крајно време да ги спречи брчките. Двете отидоа во салонот да се „стегнат“ пред првиот роденден на синот Александар. Тие сакаат да изгледаат беспрекорно, бидејќи на таа прослава ќе има 200 гости”.

To top