Шкотската пејачка Сузан Бојл ги изненади фановите појавувајќи се во финалето на „Британија има талент“. На сцената, таа ја отпеа песната што ја изведе на аудицијата во 2009 година, „I Dreamed a Dream“. Меѓутоа, за време на гостувањето во емисијата таа откри и дека во април доживеала мозочен удар и се плашела дека воопшто ќе може да настапи откако ќе и се влошила здравствената состојба.
„Одлично е чувството да се биде овде. За мене е навистина посебно бидејќи имав мал мозочен удар во април. Се борев да се вратам на сцената и успеав”, изјавила таа по настапот.
Сајмон Кауел, судија во шоуто, ѝ рекол: „Сузан, толку многу ти должиме. Знаев дека не ти е добро, но ако некој се врати на оваа сцена, тоа ќе си ти. Без тебе не би било исто“.
Да потсетиме, Сузан Бојл се прослави во 2009 година со настапот во шоуто „Британија има талент“. Таа ја отпеа песната „I Dreamed a Dream“ и за само 72 часа собра повеќе од 2,5 милиони прегледи на Јутјуб.
Во споменатото натпреварување, Сузан стигна до финалето, каде што го освои второто место. Во текот на кариерата заработила 22 милиони фунти, но и понатаму продолжила да живее скромен живот. Таа сè уште живее во нејзиниот дом од детството во Западен Лотиан.
фото:Принтскрин Јутјуб