Водителката на утринска програма, Дајана Пауновиќ, три години по разводот со колегата водител Жика Јакшиќ, најде среќа покрај друг маж, за кого тврди дека ја освоил со својата храброст и силен карактер и поддржувајќи ја во професионалниот напредок.
– Тој е човек кој ја допре мојата душа, тој е повеќе од силен, храбар и паметен. Мојата lљубов кон него можам да ја опишам како гром, а таа емоција се одразува на секој ден од мојот живот – започна Дајана за „Стори“, и откри дали планира да застане на лудиот камен по втор пат, како што неодамна беше напишано во медиумите.
View this post on Instagram
– Не ја изгубив вербата во бракот, поточно, не ја изгубив вербата во љубовта. Можеби тие наслови настанале случајно, а можеби и поради големата љубов што ме придружува каде и да одам. Не можам и не сакам да бегам од неа.
Водителката откри и дали се согласува со поранешниот сопруг Жика Јакшиќ околу воспитувањето на нејзиниот син Душан.
View this post on Instagram
– Се согласуваме скоро за сè, најважно за нас е неговата среќа. Душан во голема мерка избира кога и каде ќе биде, и честопати сите ние сме заедно, за да функционираме како големо семејство, што на крајот сме. Жика и јас не можеме да го избришеме постоењето едни на други, ниту пак сакаме. Кога сфативме дека сме различни, решивме дека е време да тргнеме по свој пат, со заедничко ветување дека секогаш ќе бидеме едни за други како пријатели.