Радио Милева искусна мама

Штркот многу наскоро ќе слета: Доаѓа Лана – Луна Ѓогани само што не се породила (фото)

Штркот многу наскоро ќе слета: Доаѓа Лана – Луна Ѓогани само што не се породила (фото)

Луна Ѓогани наскоро ќе роди уште едно девојче.

Ријалити ѕвездата ќе се породи со царски рез, а терминот е закажан за почетокот на октомври.

– Природниот термин е 12 октомври, на роденденот на татко ми, но бидејќи не можам да се породам по природен пат, морам да направам царски рез, па најверојатно терминот ќе биде 5 или 6 октомври. Ќерката во хороскоп ќе биде Вага – истакна Луна и ги спореди двете бремености.

– Во првата бременост само лежев и јадев, а сега многу трчам. Трчам по децата – призна Ѓогани.

Ќерката на Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ е среќна што ќе има сестра, поради што, како што велат, моментално главна ѕвезда во градинка.

– Миа е среќна, таа е „главна“ во градинката. На сите им кажува како ќе ја добие Лана. Постојано ме бакнува по стомак, засега е возбудена, ќе видиме како ќе се однесува кога ќе дојде некој кој нема постојано да биде во центарот на вниманието – изјави Луна во емисијата „Ами Џи шоу“.

Луна откри дека нејзината втора ќерка ќе се вика Лана.

– Ми се допаѓаат тие кратки имиња, ќе се вика слично на мене. А кога ја избиравме Миа знаевме дека сакаме толку кратко име, истото е и сега – истакна Луна.

фото:Инстаграм принтскрин/Луна Џо

To top