Живот и Стил

Што претставува КЕТО диета?

Што претставува КЕТО диета?

Кето диетата е многу позната меѓу бодибилдерите, кои точно во пролетните месеци “ја ВАЈААТ” нивната дефиниција за бодибилдинг натпреварите.

Сите мускули, тетивите, вени треба да излезат на виделина за естетиката на телото да биде што подобра, а сето ова им го овозможува точно кето диетата.

ШТО Е КЕТО ДИЕТА И КАКО ФУНКЦИОНИРА?

Кето диетата функционира на начин со кој од исхраната се исфрлуваат сите јаглени хидрати и шеќери, што вклучува и овошје, со што со брзо темпо за краток период се симнува масното ткиво.

Во Кето диетата имате право да јадете:

• Сите видови на протеини (пилешко и други видови месо, јајца, посно сирење, риба)

• зеленчук (разни салати и зеленчук што расте над земјата) за варењето на храната да ви биде што е можно полесна

• здрави масти (јаткасти плодови, авокадо, маслиново масло)

• течности (зелен чај, вода)

Related image

Со исфрлање на овој вид на храна за неколку дена, се постигнува кетоза, односно телото почнува да ги користи кетоните со кои енергијата за функционирање на органите на телото се добива од масните клетки кои досега се имаат наталожено.

До сега вашето тело за време на тренинг ги трошеше јаглехидратите кои кои сте ги внеле во текот на денот, а при крајот на тренингот со кардио можевте да ги потрошите и стопите таложењето на масните клетки.

Уз кето диетата овој процес исклучително севзабрзува, но исто така ги намалува опции на телоо за јаки тренинзи.

ТРЕНИНЗИТЕ И КЕТО ДИЕТАТА

Image result for trening

Бидејќи вашето тело веќе не добива јагленохидратите и шеќери кои му даваат енергија, ќе треба да се намали малку интензитетот на вежбањето, за да не чувствувате замор, слабост и вртоглавица.

Не бидете тврдоглави и да се форсирате со јаки тренинзи под вакви услови, бидејќи вашето тело не е навикнато на тоа.

Намалете го темпото, скратете ги тренинзите и дозволете мастите сами да почнат да се претвораат во енергија и да се трошат.

ЗА КЕТО ДИЕТАТА МОРАТЕ ДА ИМАТЕ МНОГУ СИЛНА ВОЛЈА!

ПСИХОЗА ЗА ВРЕМЕ НА КЕТО ДИЕТАТА!

Image result for keto dieta

Она што недостатокот на јаглехидрати и шеќери може да му направи на вашиот ум и тело, тоа ни самите не можете дури ни да го сонувате, додека не го пробате.

Буквално се претворате во зависник кој се откажува од најтешката дрога.

Во глава ви е голем немир, нервоза, дезориентираност, неконтролираност, не сте повеќе ни толку среќни, додека во вашето тело владее голема нервоза.

Главата почнува да ви размислува само за храна, кога ќе јадете, што ќе јадете. Вие знаете дека сте ограничени со храна, односно јаглехидрати, а мозокот ви го бара тој шеќер кој му помага да работи уште подобро.

Страшно чувство, но вреди секое симнато кило. Бодибилдерите нема да бидат во можност да успеат да го издефинираат своето тело без оваа диета и затоа пред секој настап на сцената буквално треба да преживеат.

Кето диетата е големо тренирање на вашите психа и тело, толку може да издржите под притисок, нервоза, како без воздух под вода.

ИСПРОБАЈТЕ ЈА ЕДНАШ КЕТО ДИЕТАТА И ВЕЌЕ НИКОГАШ НЕМА ДА ПОТЦЕНУВАТЕ НИТУ ЕДЕН БОДИБИЛДЕР.

Покрај тоа, ќе имате голема почит кон нив, бидејќи ќе знаете низ што нивното тело и главата минува со недели пред да излезат на натпревар.

To top