Живот и Стил

Што откриваат испуканите усни за вашето здравје?

Што откриваат испуканите усни за вашето здравје?

Испуканите усни говорат многу за вашето здравје, особено ако редовно ги негувате а проблемот не поминува.

Најчесто, испуканите усни се појавуваат поради ветерот, студениот воздух, но и поради неадекватното внесување на вода и грдата навика на лижење на усните.

Сепак испуканите усни може да бидат сигнал и за некои други пореметувања во телото.

Недостиг на потребни витамини
Недостигот на витаминот Б2 и Б3 може да предизвика исушеност и пукање на усните. Адекватното внесување витамини е неопходно за правилно функционирање на организмот. Витаминот Б2 е одговорен за правилна работа на метаболизмот, за регулација на нивотот на аминокиселините во крвта и за функционирање на сите ќелии во телото. Недостатокот на витаминот Б3 може да предизвика дерматитис, дијареа и ментални проблеми. Недостатокот на витамини се забележува на усните, јазикот па дури и на подрачјето на непцето. Ако усниите често ви се суви и ви пукаат, размислете за земање витамин Б3.

Недоволно внесување вода
Недостатокот на вода предизвикува дехидрирање. Еден од првите симптоми за недостаток на вода во телото е исушеноста и пукање на усните. Досегашните истражувања покажаа дека недостатокот на водата го зголемува ризикот од болести на непцата, насобирање на талог и кариес. Дневно се препорачува да внесувате до 8 чаши вода, но и повеќе ако редовно вежбате и се потите.

Алергии
Ако сте забележале дека усните ви се сушат или ви пукаат по нанесување на кармини, балзам или сјај за усни, можно е да сте алергични на некои од состојките на производот. Алергиите на тие материи предизвикуваат чешање на подрачјето на усните, иритација и пукање. Исто така, одредена храна може да предизвика пукање на усните. Кога ќе откриете на што се сте алергични, избегнувајте ги тие производи и посоветувајте се со лекар околу соодветната терапија со помош на која што ќе ги ублажите алергиските реакции.

Реакција на некои лекови
Лековите може да предизвикаат низа несакани дејствија, а едно од нив е и пукањето на усните. Лековите за хипотиреоза и за регулација на крвниот притисок често предизвикуваат пукање на усните.

Претерано внесување витамин А
Не е добро да внесувате премногу витамини. Премногу витамин А може да предизвика исушеност на усните, пукање, лупење и крварење.

Хронично воспаление
Ако постои хронично воспаление или тивко воспаление во телото ќе се јавуваат промени на аглите на усните, пукање и засилено лачење на плинка. Лицата со чувствителна кожа се посклони на довивање на воспаление на подрачјето на усните.

извор:нетпрес.ком.мк

To top