Што ги очекува хороскопските знаци во првиот есенски месец?
Овен
Ве очекува активен месец на полето на социјалните случувања, а кога има многу случувања, постои и голема шанса за љубов. Ако не сте во врска, тоа ќе се промени во текот на овој месец, но не само во излегувањата и дружењата, туку и на работа или меѓу пријателите.
Ако сте во врска, ве очекува убав и хармоничен месец. Некои Овни ќе ја крунисаат врската.
Бик
Слободните Бикови ќе зрачат со посебна енергија во текот на септември и ќе бидат како магнет за другите.
Ако сте во врска, ве очекува месец исполнет со љубов и убави моменти. Генерално, септември ќе биде многу убав месец. Треба да знаете дека сите работи можат да се решат со добар разговор, доколку сакате да ја обновите романсата.
Близнаци
Вашиот љубовен живот станува се подобар, а вашата врска многу поцврста од било кога. Како двојка, подготвени сте за големи работи и за унапредување на вашиот однос на едно многу подобро ниво.
Слободните Близнаци не се заинтересирани за љубов и врска и повеќе сакаат да се забавуваат, излегуваат и да уживаат во својот живот.
Рак
Овој месец, Раковите ќе бидат невообичаено активни и ќе сакаат постојано да се излезени меѓу луѓето. Слободните претставници на овој знак ќе запознаат личност која ќе им се допадне на прв поглед.
За оние кои се во врска, сите работи одат по својот тек и не се очекуваат промени во септември. Уживајте во убавото расположение.
Лав
За Лавовите, љубовниот живот нема да биде толку активен во текот на септември. Можно е да имате мали проблеми со партнерот, но ништо нема да биде многу сериозно. Ако се повторуваат несогласувањата, едноставно разговарајте. Можеби е време за нови договори и компромиси.
Оние Лавови кои не се во врска немаат многу среќа во љубовта и тоа тешко им паѓа. Не очајувајте бидејќи ситуацијата може лесно да се промени. Дотогаш уживајте во животот.
Девица
Вашиот љубовен живот е прилично конфузен во текот на овој месец. Изгледа дека проблемот е во вас, односно во тоа што не знаете што сакате и се збунувате и себеси, но и партнерот. Најдобро е да разговарате искрено за да не ја повредите другата личност.
Вага
Каде и да се појавите, вие ќе ги шармирате луѓето околу себе. Покрај тоа, одлично расположени сте и ќе запознаете многу нови луѓе кои можат да ви донесат љубов.
Ако сте во врска, обој месец е хармоничен и полн со љубов. Сепак, ако планирате некој голем чекор во својата врска, подобро би било малку да почекате.
Шкорпија
Во септември, вашата врска ќе биде прилично платонска. Добро ќе се сложувате со партнерот,ќе се разбирате и поддржувате, но емоциите и страста ќе ги нема. Не го сфаќајте ова пресериозно.
Ако не сте во врска, имате големи очекувања и не успевате да ја најдете вистинската личност. Тежнеете кон совршенство, но тоа не постои. Можеби би требало да ги спуштите критериумите.
Стрелец
Овој месец тешко ќе ви оди комуникацијата, што не е својствено за вашиот знак. Тоа значително ќе влијае на љубовниот живот, без оглед на тоа дали сте сами или во врска. Нема да знаете што чувствувате, но и да го искомуницирате тоа.
Ништо страшно. Потребно ви е време да се фокусирате на себеси, а потоа на другите. Најдете време да се одморите.
Јарец
Без оглед на тоа дали сте сами или не, овој месец не ве интересира љубовта. Ако сте сами, ќе го минувате време како што сакате и ќе уживате во тоа. Но, ако сте во врска, вашата незаинтересираност нема да биде толку интересна за партнерот и ќе направи таа личност да се прашува што не е во ред. Ако ви е потребна пауза, искомуницирајте го тоа со нив.
Водолија
Ако не сте во врска, љубов можете да најдете на најнеобичното место кое не сте го очекувале. Сепак, добро е што имате ноншалантен став, кој всушност и ве прави попривлечни.
Ако сте во врска, не сте многу заинтересирани за романтика. Партнерот нема да успее да сфати што ви се врти во глава, па затоа ќе треба да им објасните дека се е во ред.
Риби
Во септември, ќе имате прилично активен живот. Ако сте сами, ќе продолжувате да среќавате интересни луѓе, од кои ќе има една личност која посебно ќе ве заинтересира.
Ако сте во врска, партнерот ќе биде малку напорен во одредени моменти, па потребно е да имате повеќе разбирање. Пробајте заедно да ги правите работите кои ги сакате и да уживате во тоа.