Живот и Стил

Што никако ниеден маж не смее да и каже на бремена жена?

Што никако ниеден маж не смее да и каже на бремена жена?

Непотребни совети и несакани коментари доаѓаат од сите страни и од познати и од непознати луѓе. Но, едно лице мора посебно да се грижи за тоа што вели бремената жена – нејзиниот партнер.

Лицето со кого сте во љубов е веројатно возбуден од експанзијата на семејството, како вас, но сеуште сте оној кој се бори со сѐ што носи бременоста со него: отечени зглобови, чешање, непроспиени ноќи, безброј многу пати одење во тоалетот и ова набројување никогаш не завршува.

И додека ние понекогаш глумиме финост и љубезност кон непознатите, според оние блиски до нас немаме кочница кога се работи за негативните реакции. Затоа, драги мажи, ако вашата поубава половина е во блажена состојба овие зборови НИКАКО не смеете да ги изговорите:

  1. Уморен сум;
  2. Можеби треба да купиш некоја облека за трудници;
  3. Немаат веќе милкшејк од чоколадо;
  4. Како тоа се уште си гладна?;
  5. Ама само што беше во тоалетот;
  6. Што направи за вечера?;
  7. Смири се;
  8. Го изедов последното парче колач;
  9. Одам малку да дремнам;
  10. Сигурна ли си дека внатре има само бебе?;
  11. Многу си раздразлива;
  12. Премногу бараш периодов;
  13. Изгледа многу се потиш;
  14. Сигурна ли си дека сакаш да ја изедеш таа чудна комбинација на храна?;
  15. Поради тебе не спиев цела ноќ;
  16. Леле, твоето лице станува малку заоблено;
  17. Зошто си толку уморна?;
  18. Јас сум единствениот возач во ова семејство наредниве 9 месеци;
  19. Тоа не е нешто за кое треба да се возбудуваш;
  20. Уф, милам дека е здебелив;
  21. Дали навистина плачеш поради таа реклама?;
  22. Што не е во ред со твоите зглобови?;
  23. Здраво, Big mama;
  24. Твоите гради скоро го допираат твојот папок;
  25. Мислам дека тие пантолони повеќе не ти одговараат;
  26. Ме боли грбот;
  27. Едвај чекам да се напијам некој пијалак после работа;
  28. Уште само три месеци. Држи се;
  29. Ти барем се одмараш и не мораш да одиш на работа неколку месеци пред да се роди бебето.
To top