Живот и Стил

Што ќе се случи со вашето тело доколку 7 дена не консумирате шеќер?

Што ќе се случи со вашето тело доколку 7 дена не консумирате шеќер?

Природните шеќери кои што се наоѓаат во овошјето, млекото и останатите намирници не се штетни, добри се за вашето здравје и може да ги внесувате во поголеми количини преку споменатите намирници.

Меѓутоа, индустрискиот и рафиниран шеќер е голема опасност. Важно е само да ја донесете таа одлука да не го внесувате во вашето тело, односно шеќерот да го исфрлите од вашата исхрана со што ќе спречите големи штети кои што ги предизвикува тој.

Што се случува по една недела доколку одлучите да го направите тоа?
Шеќерот е зависност, а поголемиот дел од зависностите не можеме да ги отстраниме, доколку пред тоа не почувствуваме некаква штета од нив.

Во првата недела откако ќе престанете да консумирате шеќер можно е да почувствувате некаква криза, потешкотии, па дури и депресија.

Таквите последици вообичаено се смируваат по првата недела.

Доколку се одлучите на овој предизвик, ова се позитивните промени
1. Вашата телесна тежина ќе се стабилизира
2. Ќе имате повеќе енергија
3. Кожата ќе ви биде поздрава и поубава
4. Ќе престанете да посакувате шеќер
5. Често ќе вршите физиолошка потреба

извор:точка.ком.мк

To top