Кафето за многумина е омилен напиток, а почетокот на денот речиси никој не може да си го замисли без шолја од овој напиток.
Многу од истражувањата потврдиле дека пиењето кафе на празен желудник не е добра идеја, но какво влијание кофеинот може да има врз здравјето на кожата?
Кафето содржи киселини кои во комбинација со хормоните можат да влијаат на изгледот на кожата. Всушност, киселиот кофеин заедно со кортизолот (хормонот на стрес) може да доведе до зголемено лачење себум, а со самото тоа и зголемена масност на кожата. Исто така може да дојде до дехидратација на кожата поради тоа што кафето делува како диуретик и го поттикнува мокрењето.
Затоа било спроведено истражување за да се утврди влијанието на кофеинот на кожата. Во него учествувале луѓе кои пиеле од 1 до 3 шолји кафе дневно и кои воедно имале проблем со акни. Експериментот траел 21 ден, всушност онолку колку што е потребно некое дејство да се потврди дека е навика.
Учесниците имале задача да не консумираат кафе 21 ден.
Првите неколку денови се чувствувале како зашеметени, но потоа нивниот организам се приспособил.
Во втората и третата седмица од експериментот на учесниците порите значително им се намалиле, а се намалил и проблемот со акните. Исто така тие изјавиле дека имале поквалитетен и подобар сон, како и дека имале повеќе енергија за извршување на секојдневните активности.
извор:точка.ком.мк