Љубителите на жолтата боја се авантуристи
Ако обично избирате една боја на облека, чевли и други работи, тоа може да сугерира на вашите силни особини на личноста за кои можеби не сте свесни.
Црвена
Многумина ја поврзуваат оваа боја со доминација, агресија, возбуда или опасност. Некои истражувања дошле до заклучок дека спортистите кои ја носат оваа боја имаат 5% повеќе шанси за победа, но и дека келнерките кои носат црвено добиваат повисок бакшиш! Се верува дека оваа боја го привлекува посилниот пол, бидејќи е поврзана со страст и љубов. Црвената боја е толку моќна што може да предизвика срцето да чука побрзо и да се произведува тестостерон.
Виолетова
Оваа боја порано се поврзуваше со благородништвото. Ја поттикнува креативноста, се смета дека има смирувачки ефект и луѓето кои ја претпочитаат оваа боја се емотивни и почувствителни.
Бела
Ако вашата омилена боја е белата, тоа може да сугерира дека имате тенденција да забележувате детали и дека организацијата и логиката се вашите силни страни. Белата боја е синоним за чистота и едноставност. Уште едно вообичаено верување е дека луѓето кои ја сакаат оваа боја се независни и креативни.
Црна
Се верува дека љубителите на црната боја се стремат кон контрола и поголема независност. Се верува дека луѓето кои избираат црна боја се реални и практични. Оваа боја е синоним за елеганција, софистицираност, формалност. Покрај тоа, оваа боја сугерира и мистерија.
Жолта
Едноставно кажано, ако тежите кон жолти тонови, вие сте авантурист. Не ги прифаќате наметнатите рамки и копнеете по слобода, оптимизам, страст. Спонтаноста е вашата силна страна, како и креативноста. Но, и импулсивноста се поврзува со љубителите на жолтата боја.
Зелена
Луѓето кои избираат зелени нијанси дефинитивно сакаат да бидат во природа и се стремат кон поголем успех во животот. Интересно е што некои студии покажуваат дека љубителите на оваа боја повеќе се стремат кон сигурност. Оваа боја е поврзана со изобилство, смиреност, здравје, раст, учење.
извор:курир.мк