Живот и Стил

Што имаат заедничко сериозно болните со корона во крвната слика?

Што имаат заедничко сериозно болните со корона во крвната слика?

Пандемијата на корона вирус е најголемата здравствена криза со која се соочи светот во последните 100 години. Сепак, од март сите предупредуваа дека еден витамин може да биде наш спас, а во последните неколку дена се повеќе се зборува дека може да биде најдобрата превентивна мерка против тешка форма на болеста.

Зошто недостаток на витамин Д е едно од најголемите здравствени проблеми оваа година?

Самата пандемија имаше огромно влијание врз нормалниот живот – телото доби помалку сончева светлина и затоа не беше во можност да произведе доволно витамин Д.

Но, каква врска има витаминот Д со корона вирусот САРС-CoV-2?
Новата студија од Шпанија наведува дека 80 проценти од пациентите кои биле хоспитализирани поради вирусот, имале недостаток на витамин Д.

Друга студија објавена во списанието BMJ Nutrition Prevention and Health покажа дека луѓето кои земале додатоци на витамин Д имаат помала веројатност да страдаат од респираторни проблеми воопшто.

Врската помеѓу најлошиот исход на вирусот и витамин Д може да се објасни со поголема чувствителност кај етничките малцинства затоа што луѓето со потемна кожа потешко произведуваат витамин Д.

Единствениот пристап кон оваа пандемија е идентификување и лекување на недостаток на витамин Д, особено кај луѓе со висок ризик, како што се постари лица, пациенти со истовремени болести и жители на домови за стари лица, кои се главната популација за која е насочен овој вирус. Третманот со витамин Д треба да се препорача кај пациенти со ковид, особено кај оние со ниско ниво на овој хормон кој циркулира во крвта – посочува коавторот на студијата, д-р Хозе Ернандез од Универзитетот во Кантабриа во Шпанија.

Недостаток на витамин Д е поврзан со разни здравствени проблеми, иако сè уште се работи на истражување зошто хормонот влијае на другите системи во телото.

Многу студии укажуваат на корисен ефект на витамин Д врз имунитетниот систем, особено во однос на заштитата од инфекции – заклучи тој.

извор:попара.мк

To top