Живот и Стил

Што е поделотворно: Спреј или крема за сончање?

Што е поделотворно: Спреј или крема за сончање?
Young sexy woman sitting on the ledge of the swimming pool

Во текот на летните месеци, потребно е да се користи некаква заштита од штетно УВА и УВБ сончево зрачење. Прекумерното изложување на овие штетни зраци ја оштетува вашата кожа и доведува до брчки, дамки, а исто така може да предизвика рак на кожата. И што е подобро да се користи – крема или спреј за сончање?

Без разлика дали ќе се одлучите за крем или спреј, проверете дали сте земале производ со висок заштитен фактор (SPF 30 или 50).

Спреј за сончање е многу полесен за нанесување на телото, трае помалку време и создава помалку неред. Но, се верува дека лосион или крем даваат поголема заштита отколку спреј. Кога користиме лосион или крема за сончање, треба да ги триеме овие производи додека кожата не ги апсорбира. Од друга страна, спрејот може да се прска врз кожата и да се остави да делува така, без нашата кожа да апсорбира целосно.

Некои спрејови содржат и алкохол, така што луѓето кои не сакаат да нанесуваат вакви производи на кожата, сепак треба да користат лосион или крема за сончање.

На кратко, лосионот и кремата за сончање подобро ќе ве заштитат од штетните сончеви зраци, а исто така содржат и помалку иритирачки компоненти. Од друга страна, ако спрејот го испрскате на кожата и малку го триете, тој исто така може ефикасно да ве заштити.

извор: попара.мк