Познат српски фризер открива што е најважно за раст на косата, што ја уништува најбрзо и која состојка мора да ја имате за домашна нега.
Ако нешто ја зголемува самодовербата за момент, тогаш тоа е добрата фризура, коса која изгледа негувано, сјајно и бујно. Но, повеќето од нас немале среќа да се родат со совршена коса, или можеби сме ја уништиле со пречестото фарбање, експериментирање, фенирање… А понекогаш косата едноставно го губи својот квалитет поради преголемата изложеност на сонце или поради студеното време.
Според познатиот белградски фризер Срѓан Куљанин доколку се соочуваме со оштетена коса, најдобро е да ја препуштиме во рацете на стручно лице.
Доколку сакаме да ја задржиме должината и да ја одржуваме косата здрава, најдобро е професионално да ја скратиме. Ако косата е во процес на пуштање, тогаш може да се применат посебни третмани за нејзина хидратација и потхранување на влакното за таа да се врати во што подобра состојба.
Куљанин вели дека начинот на кој се однесуваме со косата, одредува колку брзо таа ќе расте. Тој открива и дека исхраната е многу важна кога станува збор за растот на косата, иако малку се зборува за тоа:
За да расте косата важна е редовна нега, шишање, но и исхрана. Важно е храната да биде богата со сложени јаглехидрати, така што нашето тело ќе има доволно енергија што е неопходна за клетките на косата“.
Куљанин истакнува дека ништо не може да ги замени професионалните третмани и фризерската нега и дека не постои домашен „волшебен“ лек кој ќе ја регенерира вашата коса. Меѓутоа, ако сакате да вклучите некои природни состојки во вашата нега, препорачливо е да користите кокосово масло.
Потребно е да користите соодветен шампон и маска (балзам), протеински препарати, спрејови за чешлање, а потребна е и добра четка за чешлање. Исто така, многу жени забораваат на еден важен чекор, убаво да ја исчешлаат косата пред спиење, рече тој.