Живот и Стил

Што да спремите за вечера? Тестенини со 4 сирења, вкусно и брзо!

Што да спремите за вечера? Тестенини со 4 сирења, вкусно и брзо!

Има денови и вечери кога не сакате да поминувате многу време во кујна, затоа ви предлагаме брз и лесен рецепт, тестенини со четири вида сирење…

Состојки:

  • пакување тестенини по избор
  • 220 мл павлака за готвење
  • 50 гр гауда
  • 50 гр Ементалер
  • 50 гр горгонзола
  • 50 гр моцарела
  • сол, бибер, зачини по избор

Начин на подготовка:

Згответе шпагети или други тестенини по ваш избор во солена, врела вода според упатствата на пакувањето. Истурете ја киселата павлака во тава со нелеплива основа, загрејте ја на умерена температура и додадете ги гаудата, ементалерот, горгонзолата и моцарелата. Мешајте додека не се растопат сирењата. Сосот е подготвен кога киселата павлака малку ќе се згусне. Потоа додадете ги тестенините со малку вода во кои се сварени и добро измешајте. Послужете топло.

Извор: курир.мк

To top