Носењето маска стана задолжително во време на пандемија, исто како одржувањето социјална дистанца и редовното миење раце. Тоа е клучот за спречување ширење на зараза со коронавирусот. Сепак, постојат и такви луѓе кои не сакаат да носат маска и не ги почитуваат овие совети или мерки.
Психотерапевтот Дерил Еплтон е специјалист за помош на луѓето во промена на непродуктивно однесување и предупредува дека агресивниот пристап не е добар.
„Ако малтретирате некого или му се заканувате, се однесувате агресивно, тоа нема да го натера другиот да размисли или да се премисли за неговото однесување“, истакнува Еплтон.
Луѓето не носат маски од различни причини. Некои мислат дека вирусот не постои, други дека маските не штитат.
„Не значи дека нивните причини се добри, но треба да се почитува тоа што им значи на луѓето. Стравот го држи умот затворен. Многу е застрашувачки да се признае дека можеби грешиме или дека мора да се промениме“, вели овој експерт.
Иако мислите дека оние кои не носат маски и се изложуваат и себеси и вас на ризик, сепак обидете се да ја задржите емпатијата.
„Размислете колку вам ви е тешко да се смените себеси, па ќе разберете зошто се мали шансите да успеете со другите. Знаете дека колачите се полни со шеќер, но тоа не ве спречува за да ги јадете“, објаснува Еплтон.
Негов совет да кон пријателот кој не носи маска да пристапите со отворен разговор.
„Ќе помогне разговор фокусиран на пронаоѓање решенија. Може да кажете нешто во стилот дека подобро ќе се чувствувате ако има маска и така ќе ги изразите вашите чувства кога станува збор за социјалното дистанцирање. Секако, не можете некого да го принудите да носи маска. Но, немојте да се исклучувате себеси или другите околу себе бидејќи тоа ќе доведе до незадоволство и ќе станете раздразливи“, советува тој.
извор: Кајгана