Длабока тага и голема жал го обли во семејството на познатиот хрватски пејач Здраво Шкендер. Имено, минатиот викенд ненадејно почина неговиот 39 годишен син Томислав.
Здравко Шкендер веста ја сподели на својот Фејсбук профил.
Синот Томислав и ќерката Кристина, пејачот ги добил во бракот со сопругата Ангелка.
Познатиот музичар и неговото семејство претпладнев, 23 јануари 2020, се збогуваа со нивниот син Томислав на крематориумот во Загреб.
Од круговите на блиски на семејството, јавноста преку медиумите ги дознава деталите за трагедијата. Томислав Шкендер требало да дојде на семејниот ручек тој петок, но тој не се појавил. Бидејќи и не одговарал на телефонските повици, членовите на семејството отишле во неговиот дом каде го пронашле мртов.
Прелиминарните резултати покажуваат дека Томислав Шкендер починал во сон, а најверојатна причина е срцев удар.
Здравко Шкендер е роден е во Скрадин. Подоцна живеел се образувал и работел во Шибеник. Покажал музички амбиции уште во детството. Свирел џез труба во дувачки оркестар на Шибеник. Подоцна го основал својот сопствен бенд „Ад Астра“ во кој свирел бас гитара и пеел како придружен вокал. Групата сепак останала само на локалната популарност. Шкендер исто така играл и фудбал. Тој тренирал во тогашниот второлигаш ФК „Шибеник“ се’ до кобната сообраќајна несреќа.
Во 1980 година доживеа сообраќајна несреќа, по што веќе не можеше да оди. Оттогаш, тој и се посвети целосно на музиката и продолжи како пејач. Во бивша Југославија беше познат како хрватскиот пејач кој настапува во инвалидска количка!