Празниците се совршено време за да експериментирате со шминката и да ја следите модата.
Доколку немате инспирација и не знаете како ќе изгледате за најлудата ноќ, еве ви неколку алтернативи.
Погледнете како оваа година се шминкаа познатите личности.
Зое Кравиц
За една свечена прилика Зое одбра златно розова сенка, а тоа го надополни со црна тоалета.
Сара Полсон
Темно црвениот кармин е вистински погодок доколку имате тенки усни. Сара тоа го истакна со блед тен и прекрасен фустан.
Ријана
Изразениот сребрен кармин со “smoukey eyes е вистински погодок за новогодишната вечер.
Лејди Гага
Таа е победничка кога станува збор за промена на стилот. Темно нашминкани очи, така познатите „smoukey eyes“ со здебелени веѓи е доволна шминка за Нова година. Со ваква шминка и блед кармин може да одбере темна тоалета.