Живот и Стил

Шестгодишна ѕвезда на „Јутјуб“, купи куќа од 8 милиони долари

Шестгодишна ѕвезда на „Јутјуб“, купи куќа од 8 милиони долари

Шестгодишната јужнокорејска ѕвезда на YouTube, Борам, која има околу 30 милиони „пријатели“ на сервисот за размена на видео-материјали, купи зграда во елитно предградие на главниот град Сеул во вредност од осум милиони американски долари.

Борам зградата во популарното сеулско предградие Гангам го купила претходно годинава преку компанија на семејството Борам која ја основале нејзините родители се наведува во јавните податоци за регистрираните недвижнини.

Борам има два канала на YouTube на кои објавува содржини: канал посветен на рецензии за играчки со 13,6 „пријатели“, а и видео-блог кој го следат 17,6 милиони луѓе. Во едно од најпопуларните видеа, кое привлече над 376 милиони прегледи, Борам подготвува инстант тестенини користејќи детска кујна и потоа со ентузијазам ги јаде пред камерата.

Меѓутоа, поедини нејзини објави предизвикаа критики во Јужна Кореја поради вредностите кои таа ги промовира. Организацијата Save the Children во 2017 година прими поплаки од жители од Јужна Кореја кои се загрижени дека нејзините објави му штетат на емотивниот и етичкиот развој на младите кои го следат нејзиниот канал на мрежата. Особено биле загрижени поради одглуменото видео во коешто Борам краде пари од паричникот на својот татко, и оние во кои се чини како да вози автомобил, изјави за CNN шефот на одделот на споменатата огранизација, Ко Вутјун.

Оранизацијата Save the Children нејзините објави ги пријавила на полицијата, а семејниот суд во Сеул им одреди на родителите задолжително посетување курс за советување осмислен за спречување на злоставувањето на децата. Тие видео-записи подоцна се отстранети, додал Ко.

Според листата на магазинот Forbes, минатата 2018 година YouTube најмногу заработил седумгодишниот Рајан Каџи, Американец кој го има каналот Ryan ToysReview, на кој има повеќе од 20 милиони „пријатели“. Се проценува дека од каналот во 2018-та заработил околу 22 милион долари.

извор:нетпрес.ком.мк

To top