Иако постојат многубројни истражувања кои покажуваат колкава количина на кафе треба да внесувате во организмот, ви препорачуваме да ги следите желбите и потребите на вашето тело кое ви укажува на тоа колку шолји кафе треба да пиете дневно.
Кафето е едно од најпобаруваните производи на планетата, а во неговиот вкус уживаат многумина од вас.
Bright Side направи листа со шест знаци кои ви укажуваат дека претерувате со консумирање на кафе.
Имате проблеми со стомакот
Кафето има лаксативно дејство, па доколку претерате може да имате дијареа или почеста потреба да одите во тоалет. Освен тоа, кафето придонесува за развој на гастроезофагеална рефлуксна болест. Доколку имате какви било проблеми со стомакот, се препорачува да го намалите внесот на кафе.
Чувство на умор
Кофеинот го стимулира нервниот систем и ги подобрува психичките способности, но има и негативна страна на сето ова. Кафето содржи и аденозин, кој ги подобрува психичките активности, а потоа ги саботира.
Некои студии покажуваат дека по консумирањето на кафе може да чувствувате умор и да имате проблеми со спиењето. Ќе чувствувате умор откако ќе се разбудите, па затоа избегнувајте да пиете кафе навечер или во попладневните часови.
Анксиозност
Со консумирање на прекумерна количина на кафе може да ви се појави анксиозност. Кафето го придвижува адреналинот кој влијае на вашето однесување. Доколку забележите дека сте премногу нервозни, намалете го внесот на кафе.
Ве мачи несоница
Кофеинот може да влијае негативно на вашиот сон. Истражувањата покажаа дека поради големиот внес на кофеин може да имате потешкотии со спиењето. Поради тоа ќе спиете помалку и ќе бидете уморни во текот на денот кога повторно ќе претерате со кафето кое ве одржува во будна состојба.
Забрзана работа на срцето
Кофеинот го забрзува пулсот, па поради тоа – луѓето коишто имаат висок крвен притисок не треба да пијат кафе.
Зависност
Кофеинот е добар за согорување на масните наслаги, но студиите покажаа дека го забрзува метаболизмот од 3 до 11 проценти. Сепак, треба да бидете внимателни затоа што сите луѓе не реагираат добро на кафето, па може да ви направи поголема штета отколку корист.
Особено е опасно доколку премногу пиете кафе, а не внесувате доволно вода која му е неопходна на организмот за да функционира нормално.
извор:кајгана.ком