Живот и Стил

Шест работи кои не би требало да ги чистите со влажни марамчиња: Бидете внимателни

Шест работи кои не би требало да ги чистите со влажни марамчиња: Бидете внимателни

Секогаш мора да запомните дека влажните марамчиња содржат алкохол. Ако ги избришеме чувствителните површини со нив, можеме засекогаш да ги оштетиме.

Ова се шестте работи кои не смеете да ги избришете со овие марамчиња.

Кожни чанти или кожен мебел

Ако вашата омилена кожна чанта се извалка или истурите нешто на парче мебел обложен со кожа, можеби мислите дека најбрзиот начин е да ја избришете површината со влажно марамче, но тоа може трајно да ја оштети кожата. Наместо тоа, набавете средство за чистење на кожата или, за прва помош, нежно исчистете ја областа со сапун и вода.

Очила за очи

Не треба да ги бришете стаклата со влажни марамчиња, бидејќи тие со текот на времето можат да го отстранат заштитниот слој од површината на стаклото. Исчистете ги со крпа и средство за чистење на очила или со специјална ткаенина за таа намена.

Бисерен накит

Бришењето на бисерни ѓердани или сличен накит со марамчиња за дезинфекција воопшто не е добра идеја. Амонијакот, кој е вообичаена состојка во овие марамчиња, може да ги оштети деликатните бисери, па тие го губат својот сјај.

Екран на допир

Да, отпечатоците се насекаде низ вашиот телефон, таблет и други уреди, но не ги бришете со влажни марамчиња. Може да се случи еден дел од екранот да стане трајно заматен. Подобро решение е да користите крпа за очила или средство за чистење на екран на допир.

Чувствителна облека

Кога ќе истурите нешто на вашата кошула, не посегнувајте по влажно марамче. На овој начин може да се оштетат многу материјали, па затоа е подобро обичното хартивче само да се намокри со вода.

Тепих

Теписите можат да бидат доста чувствителни и не треба да се перат на никаков начин. Ако истурите нешто на тепихот, подобро е да не посегнувате по влажно марамче, бидејќи тие можат да ја оштетат областа. Наместо тоа, исплакнете со обична вода или квалитетно средство за чистење теписи.

Извор: Курир.мк

To top