Дали и вие го галите стомакот на трудниците во својата околина? Еве зошто повеќе никогаш нема да го направите тоа.
Бременоста е тежок период. Сè се менува, со брзината на светлината. Вашето тело се менува, а вашето бебе во потполност ги преместува вашите органи и ја користи вашата бешика како фотелја. И не само што треба да се прилагодите на внатрешните промени, исто така имате и напади однадвор, во форма на прсти на непознати луѓе кои ќе го боцнат вашиот стомак.
Рошен Фернандез, новинарка на порталот scarymommy.com, апелира до луѓето да се воздржуваат од пипање на стомакот на трудниците, а еве и зошто:
- Со тоа ја дехуманизирате жената
Голем број луѓе ќе го допрат стомакот на една бремена жена без никакви прашања или одобренија. Имајте на ум дека бремените жени се уште се жени, човечки суштества кои сакаат да ја задржат својата телесна автономија. Дали така ќе го галите стомакот на некое друго лице? Секако дека не. Фактот дека тоа е бремена жена не ви дава право да го загрозите нејзиниот личен простор.
- Ризично е
Тоа што немате симптоми на некоја инфекција,бактериска или вирусна, не значи дека не сте носител на истата.
- Не го допирате бебето
Можеби сте под импресии дека го галите бебето, но всушност го допирате стомакот на една жена. Значи, сте ја вознемириле жената, а не сте ја постигнале својата цел.
- Веројатно не сте им толку блиски, како што мислите дека сте
Не ја преценувајте вашата улога во животот на бремената жена. На крајот, бремените жени се со променливо расположение, па дури и ако сте драги за нив, тоа не значи дека тие ги сакаат вашите прсти на стомакот.
- Тоа не е ваше тело
Нејзиното тело – нејзините правила. Ако ви се гали стомак, тогаш погалете го својот.
- Затоа што кажав „НЕ“
Има повеќе причини за „не“, но ова е најважното. Почитувајте ги другите луѓе, почитувајте ги бремените жени и држете ги прстите подалеку од трудницата!