Шест важни Фенг Шуи совети за поголем проток на пари во вашиот дом.
Според фенг шуи, со правилно поставување на работи низ куќата, можете да влијаете на поголема заработка. Поентата е во тоа да создадете услови во вашиот живот за непрекинат проток на животна енергија, што исто така ќе обезбеди благосостојба.
Еве шест важни совети за да внесете повеќе пари во вашиот дом.
1. Поправете сè што е расипано: особено славините и покривот ако прокиснува
Според фенг шуи, водата може да значи две работи: пари и емоции. Водата тече, а парите и емоциите се вид на енергија што, повторно, како и водата, имаат свој проток.
Затоа поправете ги славините ако истекува вода од нив. Или покривот што протекува.
2. Затворете го капакот на WC школката
Бањата е одличен „потрошувач“ на позитивна енергија. Водата од чешма ја носи во одводот, а енергијата се троши и со испирање на тоалетот.
За да избегнете непотребна потрошувачка на енергија, затворете го капакот на тоалетот, особено при пуштање вода.
Исто така, ако не ви е многу лудо, би било добро да врзете црвена панделка на цевката зад шолјата, што, според правилата на фенг шуи, ќе ги заштити вашите финансии.
3. Уредете ја влезната врата
Многу е важно влезната врата да „посакува добредојде’’.
Отстранете ги сите непотребни работи (ѓубре, стари чевли…), бидејќи тие ќе го блокираат патот на позитивната енергија.
Исто така, проверете дали работи ѕвончето, за да можете да слушнете кога ќе ви заѕвони некоја деловна можност.
Адресата и бројот на куќата (или станот) мора да бидат лесно видливи, така што енергијата може брзо да се најде до вашиот дом.
4. Погледнете лево
Кога ќе поминете низ влезната врата, што има од левата страна на просторијата каде што сте?
Според старото тибетско учење, тој дел од вашиот дом е важен за парите. Што има таму? Дали работите се уредно наредени или се во целосен хаос?
Ако сè е натрупано и неорганизирано, можно е вашите финансии да се во истиот хаос.
Но, ако во тој дел има растение кое брзо напредува и воодушевува со својот мирис – очекувајте да напредуваат и вашите финансии.
На sидовите ставете слики од природата, дрвја, водопади, едрилици, реки, галопирачки коњи … Секоја од овие слики ја симболизира слободата и предизвикува позитивна енергија.
5. Дали имате печка на дрва или камин? Можеби треба
Според учењето на фенг шуи, шпоретот на дрво симболизира изобилство и богатство, но треба да внимавате да е секогаш чист и редовно да го одржувате оџакот.
На овој начин ќе го отворите патот до енергија што ќе овозможи создавање на повеќе деловни можности, а со тоа и заработка.
6. Научете да ги цените парите
По претходните пет чекори, време е да се справите со сопствениот став кон парите. Можеби имате деформација на сликата за пари и богати луѓе уште од детството.
И можеби е време да го промените вашето мислење.
Започнете да гледате на парите како награда за добрите дела, љубезноста, интелигенцијата и посветеноста кон другите.
Без разлика дали трошите, штедите, примате или давате пари, секогаш бидете благодарни во животот.
Вашиот оптимизам и позитивна енергија ќе делуваат како магнет за привлекување пари.
извор: Попара.мк