Додека некои бои се вонвременски како црната, црвената и белата други многу лесно излегуваат од мода. Стилистите и дизајнерите често играат со разни нијанси, па се открива кои бои ќе бидат актуелни оваа сезона.
Колоритните тонови ќе ја одбележат оваа сезона, а ние ви ги откриваме највпечатливите.
Жалфија зелена
Оваа нијанса ќе биде број еден оваа година. Жалфија зелената нијанса одлично се вклопува со сите тонови на кожата. Со оваа боја нема да погрешите сигурно.
Чоколадно кафена
Чоколадно кафената е новата црна и оваа сезона ќе ја има насекаде, од јакни од еко кожа, до чизми, патики, дури и долна облека.
Лаванда
Во палетата има многу виолетови нијанси, но бојата на лаванда особено се истакнува. Лесна, ведра и разиграна ги освои симпатиите на многумина. Оваа сезона ќе ја најдете кај долната облека, костимите за капење, блузи, кошули, модни додатоци…
`
Светло жолта
Додека за некои жолтата е многу интензивна, оваа нијанса е блага и отмена. Доколку не сте голем љубител на жолтите тонови, сепак можете својата комбинација да ја освежите со некој моден додаток во оваа боја.
Силна портокалова
Не неонски светкава, но многу интензивна. Оваа храбра боја е апсолутен хит кој мора да го имате оваа сезона. Од бикини, до јакни, фустани, силната портокалова им одговара на сите. Најавите се дека актуелна че биде и за сезоната есен/зима 2021/2022.
Уште зелена
Покрај споменатата жалфија зелена, оваа година во мода се и другите зелени нијанси како лимета или маслинестозелено. Која да ја изберете нема да погрешите.
извор: Курир.мк