Шерон Стоун го загуби својот сакан брат во февруари од ненадеен и фатален срцев удар. Братот на познатата актерка година и пол пред смртта го загуби синот Ривер, кој имал 11 месеци.
„Се’ што се случи беше премногу. Ваквите работи те уништуваат“, изјави Шерон за „Дејли Мејл“.
Губењето на членовите на семејството за ѕвездата од „Ниски страсти“ е нешто со што ќе мора да се справува до крајот на животот.
„Во тесно сум секој нов ден. Само се обидувам да разберам што се случило“, додава Стоун.
Актерката додава дека во текот на животот често се соочувала со големи загуби и смрт, пред се затоа што била амбасадор во кампањата за борба против сидата.
View this post on Instagram
„Бидејќи долго време работев со заболени од СИДА, бев во постојан контакт со смртта. Ваквите работи ви го кршат срцето“, додава таа.
Шерон Стоун, по загубата на својот брат и внук, на неодамнешниот хуманитарен настан за борба против ракот на дојката изјави дека половина од парите што ги заработила во текот на кариерата ги изгубила поради колапсот на двете најголеми банки во Америка.
фото:Профимедиа