Еден од нашите најдобри готвачи кој публиката го препознава по кулинарското шоу „Брза кујна“, шеф Никола, стана татко по вторпат.
-Се роди нашата принцеза! Фала ти љубов моја најголема, напиша Никола на својот Фејсбук, а со тоа откри дека неговата сопруга Стефанија му родила женско дете.
Инаку, Никола и неговата сакана се венчаа на почетокот на месец јули, односно направија модерна свадбена забава на која беа присутни мал број на гости.
Инаку, ова е второ дете на 35 годишниот готвач, тој од првиот брак има син.
Честитки, да е жива и здрава принзецата која засега не е познато кое име ќе го носи!