Иако од одамна не се занимава со јавна професија, а микрофот и е во рака само за специјални прилики, екс-пејачката Ноне Неделковска остана актуелна за јавноста и перманентна во медиумите.
Вчеравечер имаше еден таков посебен повод, но Ноне беше далеку за да запее за роденденот на татка си.
Таа моментално работно е во топлата Куба, а нејзиниот татко дома, во родното Велес.
Тато Мирко го го прослави 63-от роденден, а од ќерката доби виртуелна честитка која Ноне ја сподели јавно.
Како подарок го доби најубавото нешто во пакет, прегратка и бакнеж, иако само како фото- спопмен кој веруваме дека ќе беше уште поемотивен непосредно.
Ова е еден од ретките моменти од кои Ноне го покажа својот татко, а досега почесто сме ја гледале во заеднички објави со нејзината мама Мимоза.
Родителите се најсреќни кога се здрави, задоволни и исполнети нивните деца, а веруваме дека на тато Мирко тоа му е и најважното и најдрагоценото што може да си го посака за своите син и ќерка.
фото:фејсбук/ Ноне Неделковска