Милица Митровиќ своевремено беше едно од најубавите лица на малите екрани. Откако се омажи за сопственикот на розовата телевизија, таа се посвети на семејството и работата зад камерите, но сепак имаме можност да ја гледаме речиси секој ден благодарение на популарните социјални мрежи.
Милица редовно доаѓа на своето работно место кое со години е Телевизија Пинк. Некогаш е облечена лежерно, некогаш елегантно, зависи од приликата, а овој пат се одлучи за интересна комбинација составена од неколку скапи познати брендови.
Така, Милица во исто време носеше кардиган со потпис на Шанел и тренерка од Луј Витон, а донесе уште две важни работи – домашно милениче и најскапата чанта на светот, познатата „Биркин“. Моделот што го поседува чини околу дваесет илјади евра.
Ќерката и сопругата на сопственикот на Пинк не се штедат кога модата е во прашање, а кога се има и се може, тогаш и не мора многу двоумење – купи, носи.
фото:Инстаграм/милица митровиќ