Хрватската пејачка Северина Којиќ со своите следбеници на Инстаграм редовно ги споделува моментите од брачниот живот. Но, она што таа одлучи овој пат да го покаже, многумина расплака.
Имено, поссетувајќи се на своето детство, Севе објави слика кога била малечка со мајка си, а пораката што следеше под оваа емоционална фотографија на многумина им предизвика солзи на очи.
„Таа беше пет месеци во кома по моето раѓање но преживеа и веднаш ме научи дека може да умре за мене, како и јас сега за нејзиниот син, но таа ќе биде посреќна, да живее за нас … Ти благодарам мамо … за сè“, напишала Севе во описот на фотографијата, која ја сподели со своите следбеници.
„Личиш на мајка ти“, „Мајчината снага и љубов.. најјаки на светот“… се само некои од коментарите на нејзините обожаватели.