Радио Милева

Северина на „Инстаграм“ објави радосни вести кои се однесуваат на нејзиниот син Александар

Северина на „Инстаграм“ објави радосни вести кои се однесуваат на нејзиниот син Александар

Неодамна во медиумите се појавија вести дека дошол крај на заедничкиот живот на Игор Којиќ и Северина. По тој повод, се огласи и легендарниот водител Миња Субота кој за „Информер“ изјави дека совршениот пар има складан брак.

„Претходниот петок една колешка славеше роденден во Белград. Таму беа Драган Којиќ Кеба, Оља, Игор, но и Северина. Беше прекрасно. Кеба беше расположен, пееше. Потоа, во недела отидавме на ручек во еден ресторан во нашиот крај. Сите келнери и соседи беа воодушевени со неа, и бараа автограми“ вели Миња.

фото принтскрин/инстаграм

„Северина е пракрасна дама, а со Игор се совршен пар. Се сакаат и имаат сладан брак. Игор секогаш е тука за неа“ вели водителот.

Меѓутоа, Северина претходниот период помина низ пекол кога судот во Загреб и го одзема старателството над синот Александар.

фото принтскрин/инстаграм

Сепак, хрватската пејачка деновиве имаше убав повод за славење. Имено, Севе ги разнежни своите фанови кога на социјалните мрежи објави дека нејзиниот син Александар наполнил 8 години. Нејзиниот наследник прослави роденден на 20 февруари.

За потсетување, Којиќ пред неколку месеци ја објави песната „Роѓено моје“ која ја посвети на својот син.

To top