Радио Милева останала без идеја

Северина ја ископира Карлеуша: Пејачката се појави во скапи хеланки, а сите се сетија дека истите Јелена ги носеше минатата година (фото)

Северина ја ископира Карлеуша: Пејачката се појави во скапи хеланки, а сите се сетија дека истите Јелена ги носеше минатата година (фото)

Пејачката Северина Вучковиќ го ископира стајлингот на нејзината колешката Јелена Карлеуша.

Таа на Инстаграм објави нови фотографии на кои го носи истиот аутфит што Карлеуша го носеше минатата година.

Имено, стајлингот кој хрватската пејачка го избра, имавме можност да го видиме минатото лето кога Јелена Карлеуша во црн предизвикувачки комбинезон се појави на роденденот на нејзината колешка Милица Павловиќ.

Северина позираше во идентичен аутфит, а  она што го забележаа многу корисници на споменатата социјална мрежа, ја зазеде истата поза како Јелена на сликата што ја објави на својот профил на 12.08.2021 година.

Пејачката „закачи“ фотографии „од бекстејџот“ на концертот во Порторож, а се наместила така што го свртела грбот кон камерата.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/severina/karleusastar

To top