Радио Милева разговор преку песна

Северина го отпеа тоа што сакаше да го каже: Пејачката го смени текстот на нејзината песна и го „поткачи“ поранешниот партнер (фото) 

Северина го отпеа тоа што сакаше да го каже: Пејачката го смени текстот на нејзината песна и го „поткачи“ поранешниот партнер (фото) 

Северина Вучковиќ неодамна настапи во кафеана и како и секогаш ги отпеала своите најголеми хитови. Таа на почетокот на кариерата ја плени публиката со својот изглед и гласот, но овој настап не наликувал на ниту еден од претходните.


Имено, пејачката го испеала еден од нејзините најголеми хитови „Мили мој“, но го сменила текстот на песната и употребила нови зборови за да го критикува поранешниот партнер Милан Поповиќ со кој со години е на судење.

Наместо оригиналниот текст, Северина запеала:

– Мили мој, како не сфати претходно, кој ги испрати тие огромни тужби на мојата адреса. А ти како глуп човек настрада за нив… – ова е  модификацијата на нејзиниот хит, а оригиналната верзија е:

– Мили мој, како порано не сфатив кој ми ги напиша тие тајни шифри на пат, а јас како будала видно страдав за другите.

Да потсетиме, Северина неодамна го избегна сослушувањето со поранешниот партнер Милан, а надалеку е познато дека Поповиќ и нејзиниот поранешен сопруг Игор Којиќ се во одлични односи по разводот.

Фото: Принтскрин/Антонио Ахел/Ата Имаџес/Тв Пинк

To top