Кога една трудница е задоволна од својот изглед со стомак до заби, односно е задоволна што народски кажано пораснал само стомакот, а таа останала без вишок , тогаш задоволството е евидентно.
Сара Мејс го чека големиот ден кога во прегратките ќе го земе своето второ чедо, а дотогаш ужива во секој момент од трудничките денови.
Внимаваше на исхраната и она што е добро за бебето во утробта, па јасно е дека е задоволна трудница.
Од нашите содржини ја видовте нејзината најнова фотосесија, која дневно продолжува во низа. Ако вчера понуди стајлинг во фустан под кој гаќиките без излишни, овој пат не и требаа ниту градник, а ниту гаќички, Сара позираше само со сако на себе, а интимата ја покри со дланките.
На другиот стајлинг каде секако во фокус е стомакот, позира со зелен минијатурен комплет и два пердуви во рацете кои станаа нејзин заштитен знак.
View this post on Instagram
По ваквите секси серија фотографии следуваат оние најважните- оние со бебето во нејзините раце, а до тогаш, со лесно и секое добро!
фото:photofactory.mk/Инстаграм Сара Мејс