Доколку живеете на Балканот, голема е веројатноста веќе да го имате посетено овој волшебен град. Будимпешта е секогаш одлична идеја бидејќи може да понуди огромен број различни работи.
Овојпат, ќе се фокусираме на музеите, а еве пет „парчиња“ со кои не можете да погрешите …
Куќата на тероророт (House of Terror Museum)
Куќата на теророт е еден од најпопуларните, но и прилично контроверзен музеј. Изложбата е фокусирана на комунизмот и фашизмот и нивната улога во Унгарија.
View this post on Instagram
Примарниот фокус на колекцијата е на комунизмот, за кој добила и многу критики. Музејската колекција е прилично живописна и не е наменета за чувствителните посетители. Изложените предмети ги прикажуваат злосторствата извршени во името на два тоталитарни режими. Ќелиите во музејот предизвикуваат треперење на посетителите додека ги раскажуваат приказните за оние чии животи згаснале токму во оваа зграда.
Музејот на убави уметности (Museum of Fine Arts Budapest (Szepmuveszeti Muzeum)
Посетата на Музејот на убави уметности во Будимпешта е сигурен начин да се нурнете во светот на европската уметност. Музејот има неколку оддели од големо значење. Овде можете да најдете антиквитети од Египет, антички Рим и Грција. Ќе најдете неколку парчиња од унгарско потекло, но и повеќе од 3.000 слики од 13 до 18 век од различни европски земји. Посетителите на музејот можат да уживаат во ремек-делата на светски познатите уметници како Рафаел, Веласкез, Рембрант, Моне, Пикасо и многу други. Покрај тоа, постојат уште две значајни постојани постави. Графичката колекција вклучува илјадници графики и цртежи, додека колекцијата на уметност од 19 и 20 век е прилично „млада“ и возбудлива.
View this post on Instagram
Унгарски национален музеј (Hungarian National Museum)
Нема подобро место за истражување на историјата на Унгарија од Унгарскиот национален музеј, основан во 1802 година во „облик“ на библиотека.
Тој е еден од најважните музеи во земјата бидејќи го открива идентитетот на унгарската нација.
View this post on Instagram
Музејот бил неопходен во текот на Унгарската револуција од 1848-1849 година, која била опеана во Народната песна на Шандор Петефи и се пеела на скалите на музејот.
Изложбите говорат за историјата на Унгарија низ различни периоди. Тука спаѓаат Трансилванија, турската окупација, војната на Ракочи за независност и други големи настани кои ја обликувале унгарската култура. Изложени се главно археолошки наоди и историски реликвии.
Музеј на флипери (Budapest Pinball Museum)
Како не би оделе само во класични музеи, еве еден сосема поинаков, посветен на уредите по кои се лудувало во осумдесеттите – флипери.
Можеби ви звучи како шега, но овој неконвенционален музеј е еден од најпосетуваните во градот. Тој е резултат на долгогодишната страст кон флиперите на од страна на сопственикот, Балаш Палфи.
View this post on Instagram
Колекцијата вклучува 130 различни флипери од 19 век, па сè до денес. Билетот им овозможува на посетителите да ги испробаат сите флипери, што го прави еден од најголемите европски интерактивни музеи. Некои изложени предмети се ретки и уникатни, како што е унгарскиот флипер, Месовонат.
Етнографски музеј (The Museum of Ethnography)
Етнографскиот музеј, некогашен дел од Унгарскиот национален музеј е посебна институција оф 1947 година. Неговата сегашна наградувана зграда, проектирана од NAPUR Architect, отворена е во 2022 година.
View this post on Instagram
Во него се наоѓа големата колекција на музејот од 250.000 предмети и има градина на покривот каде што може да се прошета наоколу. Колекциите се фокусирани на Унгарија и други делови од Европа, Азија, Африка, Океанија и Америка. Посетителите можат да истражуваат текстил, костими, алатки, мебел, вредни ракописи и книги.
Извор: Точка.мк