Роденден е денот што го чекаме, цела година… Та била годината и ваква каква што е – никаква, не се пропушта да се прослави датумот на нашето раѓање. Особено ако се е во ред, ако сме живи здрави, сите на број, без оглед на оконостите околу нас.
Така некако, во атмосфера која сите не опкружува заради корона пандемијата македонската фолк пејачка Сузана Гавазова не пропушти да си направи роденденска атмосфера за паметење. И тоа дома, со најблиските, со двете ќеркички, мајка и, сетра и, семејството…
И додека надвор беснее и коси вирусот корона кај Гавазова одекнуваа роденденски ѕвона на семејната журка на која пејачката зад затворена врата, славеше роденден со шампањско и торта на три ката!
Околностите се такви какви што се, но тоа не беше пречка за неа да најде начин барем на неколку часа да им ја развесели атмосферата и себе си и на најблиските, па во малото одбрано друштво со роденденско славје да го започне новото животно поглавје – влезот во петтата деценија.
Гавазова променета во роденденска руба, во свечен бел фустан исо длабоко деколте, како нејзин заштитен знак дури и кога е дома со најблиските, овој пат не запеа. Наместо неа пееја и аплаудираа домашните околу неа. Се разбира, со звуците на неизбежната „Happy birthday, to you…“ пејачката потпомогната од двет ќеркички ги дувна запалените свеќички на тортата.
А потоа честитки, бакнежи, прегратки и подароци… од најблиските и најмилите за саканата ќерка, најсаканата сестра, за единствената и најдобра мама…
Секако, спомените нема да бидат тоа, ако не се овековечат за сите времиња со видео и фотографии. Групни со семејството и поединечни со најблиските негови членови, меѓу кои покрај ќеркичките, тука се двете најважни жени во животот на фолкерката: мама – нејзината ѕвезда водилка и нејзината крв – дада!
За долго сеќавање на убавите моменти, на семејна дружба, на денот кога си родена, на денот што го чекаме цела година… Та годината каква и да била, роденденската прослава секому му е мила. Како што видовте од таа традиција не остапува ни Гавазова! Епа… Среќен роденден Сузана!