Радио Милева очи ширум ококорени

Секси мама на публиката и приреди вистински празник: Гиговска на сцена се појави само по градник (фото)

Секси мама на публиката и приреди вистински празник: Гиговска на сцена се појави само по градник (фото)

По долга пауза младата музичка ѕвезда Антониа Гиговска и се врати на сцената пред публика. Својот камбек најпрвин го најави со синглот „Брига ме“ кој го промовираше деновиве, за подоцна да ја најави набиетаната агенда со настапи.

Први на листата за посета од викендов и беа Штип и Струмица, а за таму секси мама веќе вратена во полн сјај по породувањето, сакаше да изгледа впечатливо и секси како повратничка на својот тертен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Антониа се одлучила за необичен моден спој, но сосема соодветен за на сцена и во нејзиниот автентичен моден фазон, а сочинет од сини тренерки и џинс градник.

Очигледно и недостига долата коса по која беше препознатлива, но ја скрати, па сега реши да стави надградба од ултра долги руси прамени врзани во опавче.

Стајлингот не беше случаен, туку секогаш препуштен на професионалци кои добро ја познаваат.

Самоуверена како темпирана бомба, Тониа едвај чекаше да дојде токму овој момент и да експлодира.

Празник за очи и секако за уши што и нема потреба дополнително да се коментира, бидејќи веќе е проверено докажано одличен вокал. Повратничкиот музички караван пред својата публика продолжува се до крајот на 2023 година, а продолжува и во новата 2024.

За потсетување, Антониа Гиговска по четири месеци од породувањето со синчето Киан се реши на ваков чекор, сметајќи дека е вистинско време да го остави на чување бебето во ноќните часови на баба и дедо, бидејќи сопругот, тато Роберт е заедно со неа на сцена.

фото: Instagram printscreen/ antoniagigovskaa / danielnikolovskiofficial1/ printscreen You tube

To top