Радио Милева Како од друга планета

Секси аутфит за врнежливо време: Сузана Гавазова знае да го привлече вашето внимание и кога е невреме (фото + видео)

Секси аутфит за врнежливо време: Сузана Гавазова знае да го привлече вашето внимание и кога е невреме (фото + видео)

Македонската фолк пејачка Сузана Гавазова во секое време има што да понуди и добро знае како да ги изненади нејзините следбеници со нешто ново и предизвикувачко кога станува збор за нејзиниот секси изглед и стајлинг.

Гавазова ја започна годинава бомбастично, кога настапуваше во еден познат ресторан во нејзиниот роден град Струмица, во светкаво фустанче со ресички, каде изгледаше како латино тинејџерка.

Сузе добро знае како да го истакне нејзиниот сексапил, па често нејзините стилски идеи ги преточува во реалност која на многумина им се допаѓа бидејќи секогаш има полно позитивни коментари, но понекогаш и не е баш така.

Овој пат фолкерката покажа нешто прилично поразлично, нешто како за ова врнежливо време, па се облече само во розев  корсет со кој го истакна нејзиното бујно деколте, а го искомбинира со тесни сребрени шорцеви, додека долгите нозе ги качи на високи потпетици исто така во сребрена боја, со врвци шнирувани нагоре кон колениците,  а сето тоа го заокружи со проѕирен несекојдневен поливинилски манил за дожд.


Следбениците кои беа изненадени од овој аутфит и напишаа: „Космонаут, разубави ја вселената“, „Супер си во мантил за дожд наменета“, „Те сакам,  но, овој аутфит не е добар“. Покрај овие таа доби и многу позитивни кометари, полни со многу воздишки и срциња, а некои ја нарекоа дури и „кралица“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana (@suzanagavazova)

Можеби овој пат личи како да слетала од друга планета но, Сузе знае да блесне како вистинска комета дури и во ваква стилска комбинација.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/ Сузана Гавазова

To top