Лице в Лице

Сексапилната пијанистка Лола Астанова пред претстојните концерти во Загреб, Белград, Софија и Скопје: „Никогаш не сум била девојка на Стјепан Хаусер“

Сексапилната пијанистка Лола Астанова пред претстојните концерти во Загреб, Белград, Софија и Скопје: „Никогаш не сум била девојка на Стјепан Хаусер“

Лола Астанова зборува за себе и својата кариера во пресрет на нејзините концерти во Загреб, Белград, Софија и Скопје, од кој првиот е во хрватската метропола .

Сексапилната узбекистанска пијанистка студирала на московскиот државен конзерваториум Чајковски во класата на професорот Лав Наумов, кој ја опиша својата пијанистка како „ретка и навистина генијална“, а нејзините изведби од Шопен „едноставно извонредни“.

Кои дела ќе ги изведете на претстојните концерти?

„На мојот прв концерт во Загреб, кој ќе се одржи на 5 ноември во концертната сала „Ватрослав Лисински“, ќе изведам некои дела што публиката ги сака и знае. Сепак, за луѓето во Хрватска, имам и едно големо изненадување, затоа што на концертот ќе свирам нешто што никогаш не сум го ивела на ниту еден концерт ширум светот.
Само можам да соопштам дека ќе биде забавно и динамично и ќе откриете што е, само ако дојдете во „Лисински“ на 5 ноември.

Прославената узбекистанска пијанистка, позната по своите специфични толкувања на Шопен, Лист и Рахманиноф и неејзиниот необичен стил на изведба, веќе имала можност да престојува во Хрватска.
Лола учествуваше во документарецот на УНЕСКО „Продукти од 20 век“. Таа има настапувано во Карнеги Хол, Линколн Центар за изведувачки уметности во Њујорк, има соработувано неколку пати со Јахја Линг, со Едуард Мартитут и Симфонискиот оркестар од Мајами, Рамон Тебар и Симфонијата на Палм Бич, Жерард Шварц, во придружба на Ол-Стар оркестарот.

Сексапилната пијанистка се здружи и со познатиот музичар Стјепан Хаусер од „Ту челос“, кого го запознала на една од нејзините многубројни светски турнеи. По снимањето на видеото за „Љубовна приказна“  (Love story), почна да се шушка дека виолончелистот Хаузер и пијанистката Лола Астанова се поврза повеќе отколку само случајни музички партнери.

 Лола, дали бевте во љубовна врска со истарски заводник Хаусер?

„Јас и Стјепан соработувавме само музички. Наспроти она што можеше да се прочита во медиумите, јас никогаш не сум била негова девојка“ – вели Лола.

Дали вашиот музички партнер Хаусер, како познавач на добрата храна, можеби ви препорача некој  домашен кулинарска специјалитет во пресрет на вашето пристигнување во Хрватска? 

„За жал, ќе останам само во Загреб два дена затоа што треба да продолжам со мојата турнеја. Сепак, во текот на овие два дена дефинитивно ќе нарачам барем еднаш јадење што ми го откри Стефан. се работи за ќебапќиња, во кои секогаш уживам кога доаѓам во вашата земја или регионот“ – вели 34-годишна узбекистанска пијанистка која во Америка живее од 2003 година каде е вистинска ѕвезда и чија линија не покажува дека е голем гурман.

За нејзина среќа, Лола Астанова никогаш не морала  да внимава што и колку јаде, бидејќи целиот вишок исчезнува за време на нејзината динамична изведба, која доаѓа со ултракратки секси фустани и чевли со вртоглаво високи потпетици, што се коси со веќе воспоставената слика за тоа како треба да изгледаат музичарите кои се занимаваат со класична музика.

Што ве натера да го изберете овој  „неконвенционален“ моден стил?

Овие облеки и чевли се нешто што го носат нормалните млади жени ширум светот. Со помош на облеката, никогаш не сум направил никаква „револуција“, но ако мојата модна слика ги охрабри другите девојки да бидат смели и да размислуваат надвор од опсегот на „здодевната“ класична музика, јас ќе бидам  среќна заради тоа. И сигурна сум дека пијанисти како Шопен и Лист, да се живи, би се осгласиле со мене, “ – заклучува Астанова, со која се согласуваат и уредниците на магазинот „Limelight“, кои Лила ја вброија меѓу ТОП 10-те стилски икони во класичната музика.

За крај погледнете го видеото во кое по нејзиното познанство со Новак Ѓоковиќ, узбекистанската убавица Лола Астанова ќе ви открие каков е Ноле кога ќе седне зад пијаното.

Автор: Клара Рожман/Јутарњи лист

To top