За сообраќајната (не)култура и да се пишува и да „летаат“ казни секојдневно, на некои од учесниците едноставно не им доаѓа памет.
За возачите веќе како да важи правило да не управуваат според знаци и прописи, туку по сопствена воља, желба и потреба. Булеварот 3-та Македонска Бригада во скопски Аеродром е вистински пример како не треба да го загрозувате сопствениот и животот на останатите.
Иако булеварот е проширен, гужвите и чекањето во колона сабајлечки се неизбежни, но за кого како. Има толку „паметни“ што додека другите чекаат, тие си возат по тротоар и велосипедска патека.
-Секое утро иста приказна. Сељачишта возат по велосипедска и пешачка патека за да не чекаат во колона. Бул.3та Македоска Бригада. ЕУ доаѓаме- пишува еден изреволтиран граѓанин кој на Твитер објави снимка која е секојдневие.
Секое утро иста приказна. Сељачишта возат по велосипедска и пешачка патека за да не чекаат во колона. Бул.3та Македоска Бригада. ЕУ доаѓаме. #јавенпростор pic.twitter.com/Mk0GVqypft
— Jovan (@skobaljhawks) May 14, 2019
Очигледно, дека полициските контроли мора да бидат засилени, ианку никаде не тераме!