Белите панталони се едни од вечните класици што скоро секоја жена ги има во нејзината гардероба и се сметаат за парче облека кое доминира во пролетта и летото.
Но, зошто белите панталони треба да ги одложите за доаѓањето на есенските денови?
Сè додека е суво надвор, слободно облечете ги!
Иако најчесто сте навикнати да ги комбинирате со летни блузи и сандали, ова парче оди совршено и со кошули во топла боја, чизми, чевли и есенски акцесоари.
Слободно можете да се впуштите и да дизајнирате неколку есенски комбинации во кои доминираат белите панталони, а ние ви предлагаме неколку од најубавите што ги пронајдовме на Инстаграм!
извор:среќа.мк