Инспирирани од јакните со пердуви кои со години наназад се голем тренд, дизајнерите решиле да направат и чанта во тој стил, не претпоставувајќи каков успех ќе постигнат веднаш по нивното лансирање во продажба.
Оваа чанта ќе ја надополни секоја комбинација и ќе и’ даде интересен печат.
Трендот на ваквата облека станува се’ поголем, а ги освои срцата на речиси сите дами. Најдоброто кај овој модел е тоа што може да се носи со сите стилови, па инвестирањето во ова парче навистина се исплати.
Оваа чанта е идеална за постудените денови. Одберете една во вашата омилена боја и почнете со создавање интересни комбинации во кои акцентот ќе биде токму на оваа чанта.
Модните експерти се едногласни: секоја жена што знае што е добар стил ќе ја има својот плакар.
извор: убавина и здравје