Клои кардашијан доживеа непријатност која еден корисник на Твитер за нејзината ќерка Тру јавно коментираше дека не е ни малку слатка. Кардашијанката не остана рамнодушна на коментарот упатен за нејзината миленичка, па жестоко возврати.
-Дали проблемот е во мене или бебето на Клои Кардашијан воопшто не е слатко?, гласи коментарот на кој мама Клои брзо возврати.
-Која зрела личност би коментирала изглед на дете? Кој тип на одвратни луѓе сте вие? Патетично сте несреќни во животот, одговори револтираната мајка.
По пораката на Клои, на нејзиниот профил стигна извинување, но прекасно.
-Искрено, не мислев дека мојот твит ќе добие толку одговори. Се извинувам, поради својата постапка, не требаше да го кажам тоа. Не размислив воопшто, гласи извинувањето.
Меѓутоа, Клои и покрај тоа констатираше дека таквите личности немаат почитување и дека поради тоа се губитници. Потсетуваме, Клои Кардашијан ќерката Тру ја доби како прво дете со кошаркарот Тистан Томпсон.
фото:инстаграм